Се огласи осомничениот за убиството на пејачката на Гранд

 

Небојша Ројко, наречен Вихор, кој беше осомничен за убиството на Јелена Крсмановиќ, вчера во 17 часот е предаден на српската полиција. Тој го поминал полиграфското тестирање и сега е ослободен.

- Небојша е дома, спие, уморен е. Го помина полиграфот и се надевам дека ќе се надмине овој хаос кој ни го потресе семејството, вели неговата мајка.

Небојша само кратко изјавил дека не сака да одлежи казна за злосторство кое не го извршил. За потсетување, полицијата го бараше Небојша кој беше во бегство.

Пејачката на Гранд беше убиена минатата сабота со 30 удари од дрвена палка.

 
 
12.04.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега