МНР чека информации за повредените Македонци

Kако што Пресс24 информираше утринава, 28 лица, од кои најголем дел македонски државјани, се повредени кога автобусот со кој патувале на релација Скопје - Прага излетал од патот на 50 километри пред унгарскиот главен град Будимпешта, кај градот Кор.

Од македонското МНР информираат дека се во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта од каде ќе бидат побарани официјални информации од надлежните унгарски органи за тоа како и кога се случила несреќата, колку лица се повредени, каде се тие сместени и најважно дали им е потребна каква било помош на македонските државјани.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега