Колешките открија детали од брачниот живот на Јелена и Зоран

Јелена е погребена во четвртокот, а нејзините блиски колешки, пејачките Индира Арадиновиќ Инди и Ванеса Шокиќ и понатаму не можат да поверуваат што се случило. 

Тие гостувале во утринската програма на ТВ Пинк и во таа прилика зборувале за Јелена, како и за нејзиниот брачен живот со Зоран Марјановиќ. 

- Јелена беше голема жена. Таа беше прекрасна личност. Секогаш беше насмеана и расположена, а сите кои доаѓаа во нивниот дом ги пречекуваше со насмевка. Јеца имаше трпение за се, рекла Ванеса и додала 

- Јелена и Зоран живееа среќно, деска ниту еден брак не е без несолгасувања, но дека имале големи проблеми за тоа не знам, завршува Ванеса. 

А еве што кажала Инди за нејзината колешка и пријателка

- Ги познавам и Јелена и Зоран долги години. Имаа добар брак. Сметам дека тука нема полемики дали е Зоран убиецот или не. некој кој е нормален и кој е верник не може да убие, рекла Инди и додала дека ќе ја памети како големо дете во тело на жена. Била секогаш насмеана, спонтана и човек со ведар дух. 

 

 

 
 
09.04.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега