Последен поздрав: Погребано девојчето кое се фрлило од силос - блиските во прошталното писмо...

 

Околу 500 луѓе на неготинските гробишта се простија од Марија Белчиќ (13) која изврши самоубиство откако скокна од силос висок 30 метри во понеделникот рано изутрина.

Со свештеник од православна црква, и традиционален влашки обичај, музика и песни е испратена Марија на вечно почивање.

Мајата таткото и сестрата на покојната Марија Белчиќ, со солзи се опростија од своето најмило. Бабата Драгица за време на погребот низ солзи ја повикувала внуката и поставувала прашања„Зошто не остави?“ 

Не можела да го тргне погледот од белиот ковчег, белиот крст и фотографијата на младата внука. Фотографијата ја носело момчето на покојната Марија С.В. кој видно било скршено од болка.

Најдобрите другарки како и момчето тешко ја поднеле оваа разделба.

„Зошто не остави Марија? Зошто не напушти? Се радувавме на заедничката екскурзија, а ти не напушти? Зошто?...„ - низ плач и со многу емоции се простија од Марија.

Резултатите од обдукцијата треба да се знаат до сабота.

Според неофицијалните информации, каде што се фрлила Марија се пронајдени отпушоци од цигари. Семејството Белчиќ и нејзините пријатели тврдат дека Марија не била пушач, па затоа ќе бидат испратени на ДНК анализа.

 

 
 
07.04.2016 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега