Ефтов: И сега, иде Дунав- и да погинеш, колку можеш ќе се спасиш

 

Новинарот Васко Ефтов, кој важи за добар познавач на приликите во опозицијата на својот ФБ профил дава свое гледиште околу последната одлука на опозицискиот лидер Зоран Заев СДСМ да не учествува на претстојните избори кои социјалдемократите самите ги бараа.

-И сега: Иде Дунав, и да погинеш, колку можеш ќе се спасиш. Мила душа- ризик јак. Да не заборавите: Тие кои сега први викаат УРА утре први ке викаат УА !!!, напиша Ефтов и додава:

– Нај-јак е оној е оној сирот Џељо. Како вика-да нема фиксирање нов датум за избори и дури кога опозицијата ќе оценела дека се исполнети условите тогаш да се распишеле избори. Обично за глупи коментари сметам дека се последица од бомбардирањето на НАТО со осиромашен ураниум, ама во конкретниот случај без природен и вроден талент ни осиромашениот ураниум не е семоќен!!!, напиша Ефтов.

 
 
07.04.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега