Адеми на работен состанок за трговија со отпадни метали

Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во просториите на Стопанска комора на Македонија ќе одржи работен состанок на тема „Трговија со отпадно железо, бакар, алуминиум и други метали“.

На состанокот ќе се дискутира за имплементација на новите измени на Законот за управување со отпадот и правилниците во делот на спречување на кражбите, проблемите во практичната примена на законската регулатива, контролата, утврдените недоследности и предлози за надминување на состојбите.

На состанокот ќе присуствуваат претставници од министерствата за труд и социјална политика, за финансии и за економија, од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, од Управата за јавни приходи и од Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската Комора на Македонија.

ФОТО: Влада.мк