Поранешната сопруга доаѓа пред полиција: „Сопругот на убиената пејачка не е виновен"

 

По грозоморното убиство во Србија на пејачката Јелена Крсмановиќ, се огласи и кумата на семејството која тврди дека сопругот не е виновен за ништо.

Вера вели дека семејството го снашла голема трагедија, а Зоран не може да се помири со загубата.

- Не можеме да веруваме дека ова се случува. Некои велат дека не сме повикале веднаш полиција, но повикавме. Јас лично ја повикав полицијата. Зоран со слика од јелена отиде во станица. Се јавивме на сите места, роднини, пријатели, установи, каде сметавме дека ќе добиеме помош и за кои сметавме дека можат нешто да направат, вели кумата Вера низ солзи.

Таа додава и дека поранешната сопруга на Зоран наскоро ќе дојде пред полицијата каде е притворен, за да му даде поддршка.

- Таа се загрижи за ситуацијата. Грев е да се обвини невин човек. Не грешете душа луѓе, не му ставајте на товар нешто што не направил, вели таа.

 

 
 
05.04.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега