Ќеркичката на Јелена неутешна: Си ја сакам мама, зошто велите дека е убиена
Веста дека 33 годишната пејачка Јелена Марјановиќ е пронајдена мртва највеќе ја потресе нејзината ќерка Јана, која има само пет години, која била во дворот во моментот кога е соопштено дека е пронајдено телото на несреќната пејачка
- Нееее... мама не е мртва... Зошто зборите дека е убиена, сакам да ја видам, ве молам, однесете ме кај нејзе- одекнуваше гласот на тажното девојќе додека нејзината роднина ја држеше во раце и пробуваше да ја утеши.
Девојчето својата мајка последен пат ја виде во саботата, кога останала да си игра со татко и, додека Јелена отишла да трча. Исчезнувањто на жената, не можеше да го сокрие фамилијата од девојчето.
- Јана знае се за исчезнувањето, но и за смртта. Си играше со татко и кога мајка и исчезна. И сама велеше дека мајка и ја киднапирале и дека ја убил некој манијак. Не можевме да сокриеме дека е пронајдена мртва. Не можеме да ја утешиме. Таа беше многу врзана за Јелена- раскажува роднина на Марјановиќ. Пријатели, кумата, свекорот и свекрвата после долго чекање ја дочекаа најлошата вест. Настана тишини, а потоа и плач. Кукањето на жените се помешуваше со плачот на малата ќеркичка на Јелена. Животот ни е уништен, коментираа најблиските.
Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка, вели дека последна се слушнала со Јелена, пред нејзиното исчезнување.
- Таа секогаш трчаше, јас и се јавив кога беше на пола од стазата, околу 15:30. Ми кажа дека оди да истрча уште еден круг, па ќе оди дома да јаде, па ќе дојде кај мене, кроз солзи вели нејзината мајка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа