Останал без златото - кражба во тетовско Селце

Без повеќе парчиња накит вредни околу сто илајди денари, останал жител на тетовско Селце. Синоќа, во домот на Е.Е. провалиле крадци и од регал на вториот кат одзеле повеќе парчиња златен накит.

Од СВР Тетово, апелираат до граѓаните, особено во овој период кога излегуваат од домовите на подолго време, драгоценостите да ги обезбедат и да поведат поголема сметка за сигурноста на домот.

Изминативе десетина дена, во плошкиот регион се регистрирани десетина тешки кражби со поголем плен и речиси сите се случиле во ноќните часови.

најчитано сега