Почнува со работа: Проверете колку чини билетот за лифетот за движење по краците на Милениумскиот крст
Педесет денари за возење со лифтот на Милениумскиот крст на Водно е цената која ја предлага ЈСП "Скопје" и за која зелено светло треба да дадат градските советници на денешната седница. Оваа цена би важела за возрасни и за деца до 14 години, за деца од 6 до 14 години билетот би чинел 20 денари, а за помладите од 6 години се планира бесплатно возење, пишува Вест.
"За комбиниран превоз со жичницата и со лифтот цената на билетот за возрасни и за деца до 14 години ќе биде 130 денари, додека за деца од 6 до 14 година 60 денари", се вели во образложението на ЈСП "Скопје" до советниците.
Според најавите од претпријатието, лифтот треба да почне со работа најдоцна за еден месец. Тој веќе е монтиран и во моментов се вршат последните подготовки за негово пробно пуштање во употреба наредниот месец. Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Ќе биде со капацитет за 10 лица, а возењето ќе трае околу една минута. Дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно лице вработено на крстот кое ќе ги проследува.
На врвот на Водно се работи и на изградбата на пречистителната станица и се копаат бунарите за вода. Според надлежните, просторот околу крстот треба да биде комплетно уреден за два месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа