Уште една фудбалска мега ѕвезда заминува во Кина
Играчот на Милан, Марио Балотели е новото потенцијално засилување во кинеската Суперлига.
За Балотели, според „Дејли Експрес“, интерес има од Џангсу Сунинг, екипа која испратила понуда од 18 милиони евра годишно за играчот. Балотели оваа сезона одигра 16 натпревари за „росонерите“ и постигна три голови во сите натпреварувања.
Последните информации од Италија се дека Милан не сака да го откупи договорот на Балотели од Ливерпул, откако на крајот од сезоната ќе му истече позајмицата. Ниту Ливерпул и нивниот менаџер Јирген Клоп немаат интерес Балотели во следната сезона да биде дел од составот на „црвените“. Според тоа Кина некако е најреална дестинација каде балотели би ја продолжил кариерата.
Во јануарскиот преоден рок за екипи од Кина потпишаа неколку познати фудбалски имиња, како Џексон Мартинез, Алекс Тешеира, Рамиреш, Жервињо, Екекил Лавеци,...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа