Итно евакуиран аеродромот во Шведска, експлодирале две торби

 

Неколку холови на аеродромот Ландветер во Гетеборг, Шведска се евакуирани поради две сомнителни пластични торби. Според пишувањата на социјалните мрежи, дошло до експлозија.

Службите за вонредни ситуации се на местото на настанот, како и полицискиот одред за деактивирање бомби.

– Пронајдовме сомнителен предмет на аеродромот и примивме директна закана поврзана за аеродромот – изјави за еден шведски весник портпаролката на компанијата која управува со аеродромот Шарлот Периасами.

Во извештаите се наведува дека на аеродромот се наоѓаат полицајци и одреди за деактивирање на бомби и дека се пронајдени две сомнителни пластични торби.

 
 
31.03.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега