УХМР предупредува: Подгответе се за пеколно лето

 

Управата за хидрометеоролошки работи од минатата година, воведе сез­он­ските изгледи за времето, како новина во својата оперативна пракса. Поради брановата природа на атмосферските процеси и нивната нели­неарност-сезонските инфор­мации за времето претставуваат само изгле­ди, т.е. свое­видна проекција за можниот развој на времето. Затоа истите би тре­бало да се сфаќаат со помала доверливост, како можна временска рамка или ориентациона информација за одликите на времето во претстојната сезона пролет-лето 2016 г.

Во изработката на сезонскиот преглед користени се основните алатки, пода­тоци и продукти од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Вир­ту­ел­ниот Центар за Кли­мат­ски Промени за југоисточна Европа (SEEVCCC). Националната Океанско Ат­мо­сферска Администрација (НОАА), Нацио­налниот центар за атмо­сферски прогнози (NCEP), Mетеоролошкиот сервис на Велика Британија (UK-Met.Office) и други светски истражувачки цен­три. Допол­нително, e направена анализа  на климатски индекси, како што се Ел Нињо Јужна Осцилација (ENSO) и Северо-Атланската Осци­лација (NAO), како кли­матски варијабилности, кои се јавуваат како резул­тат на реакцијата на атмо­сферата на промените на температурите на површината на мо­ри­њата, влажноста на почвата, снегот и ледената об­вивка. Според теков­ните предвидувања феноменот Ел-Нињо како пери­одично отстапување на температурите на површината на океанските води во екваторскиот дел на Пацификот продолжува да слабее, но троп­ските температури на океанските води во Пацификот се уште ќе бидат повисоки од просечните. Транзицијата кон неутрален ENSO, најверојатно ќе се случи  од поче­токот на летото 2016 година, со голема веројатност во почетокот на есен, веќе да се развие Ла Ниња, како ладна фаза, во која океанските тем­ператури во екваторскиот сел на Пацификот ќе бидат пониски од про­сечните. Иако феноменот Ел Нињо има влијание на глобалната океанско-атмо­сферска циркулација и оттаму на системите со низок и висок воздушен притисок, млазните струи, фронтовите, вет­ро­вите и врнежите во претстојната сезона не се очекува поголемо влијание на времето во Европа и Македонија. Според сегашниот статус на NAO, која влијае на силината и правецот на западните ветрови и патеките на олуите во северниот Атлантик и Европскиот континент, постои слабо изразена позитивна фаза на оваа осцилација, со постепено слабеење, која ќе услови намалување на силината и динамиката на системите и западните ветрови кои воглавно носат влага од Атланскиот океан.

Деталната анализата на податоците од климатките модели, упатува на сосема мали разлики во однос на отстапувањата на температурите и врнежите за претстојната сезона пролет-лето во однос на просечните.   Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето издава и прогнози со продолжен опсег, во форма на месечни прогнози за времето фокусирајки се на седмодневните аномалии (отстапувања)  на темпе­ра­ту­рите и врнежите во однос на 20 годишен климатски просек. Така според овој систем, се превидуваат позитивни отста­пувања на тем­пе­ратурите на воздухот на 2 м висина во границите од 1-3 °C, до 5 °C  во периодот од 4 до 10 април, што значи дека во овој период времето веројатно ќе биде потопло од просечното за овој период. Според просечните аномалии на врнежите за перидот од 28 март то 3 април, се очекува 10-30 мм помала сума на врне­жи, во однос на 20 год­ишниот моделски климат­ски просек. Овие отстапувања ќе бидат помали во средината на месецот, а во втората поло­вина се очекува врнежите да бидат во рамките на прос­еч­­ните, со искучок на запад­ните делови на Македонија, каде се предвидува 0-10 мм поголема сума на врнежи.

Според сезонските прогнози на Европскиот центар, отста­пувањата на просечните тем­ператури во приземниот слој на атмосферата и на  плани­ните, во пре­стојната сезона пролет-лето би биле повисоки за околу 0.5-1.0 . Во првиот три-ме­се­чен период април-мај-јуни нема отста­пување во однос на врнежите, додека во јули-август-септември се очекува околу 50 мм помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за овој период. Во однос на про­сеч­ниот притисок сведен на морско ниво, нема позна­чи­тел­ни про­мени, додека прити­сокот 500 мб се предвидува во двата циклуси да има пози­тивно от­стапување,  што значи дека би постеле усло­ви за по­топло и по­мал­ку нес­та­билно лето. Кога ќе се земат во пред­вид сезон­ските информа­ции на Нацио­нал­­ниот Центар за Атмо­с­фер­ски Прогнози на САД (NCEP), до­биени со помош на атмос­фер­ско-океански модел, ситуа­ци­јата за можните изгледи на времето во сезо­ната пролет-лето сосема малку се менува. Така на пример се очекува отстапувањата на  тем­пературите во месец Април,  да бидат за 0.5-1  повисоки од просеч­ните. Во ме­сец мај ситуацијата е малку пои­наква, каде се пред­ви­дува сосема мало негативно отстапување на тем­пе­ратурите. Во наредните месеци од јуни-септември истите би се движеле во рамките на кли­матскиот просек. Во однос на врнежите, не се пред­видуваат отста­пу­вања, додека во текот на месец мај се можен е  благ по­раст на ано­ма­ли­јата на врнежите од климат­скиот просек. Месец јуни се очекува да биде посув, со дефицит на врнежи и отстапувања во грани­ците од 0.2-0.6 мм. Сличен тренд како во јуни се пред­видува и во јули додека додека август и септември би биле во грани­ците на про­сеч­ниот.  До­пол­нително, за подготовка на сезонскиот преглед  се ко­рис­тени про­дукти од Вир­туел­ниот Центар за Климат­ски Промени за југоисточна Европа (SEEVCCC). Овој центар од јуни 2009 г. оперативно изготвува 7 месечни сезонски прогнози за времето во југоисточна Европа како и климатски сценарија, со примена на современ регионален атмосферско-океански модел (RCM-SEEVCCC). Резултатите од овој модел, на извесен начин ја потврдуваат конзистентноста на сезонските предвидувања на Европскиот центар и Националниот цнентар за прогноза на САД. Имено во однос на режимот на температурите се очекува позитивно отста­пу­ва­ње во интервалот од 1-2

 во месеците април и мај, додека овој центар предвидува и повисоки температури во однос на климатрскиот про­сек за 2-3  во текот на
летото во месеците јуни и јули. Според истиот извор, август ќе биде топол  но со поблаго пози­тивно отстапување на темпе­ра­турите, додека септември во рамките на просекот. Во поглед на ано­малијата на врнежите изразена во проценти овде има поголема вари­ја­бил­ност, така што во пролет­ните ме­се­ци пос­ебно во источните области на земјата пос­то­јат изгледи за поз­и­тивна ано­ма­лија на врне­жите изра­зена во про­центи од 0-25 %. Слична ситу­ација се очекува и во месеците јуни и јули, но веќе во на­редните месеци август и септември се пред­виду­ва негативно процен­ту­ал­но от­ста­пување на месеч­ната сума на врнежи во однос на кли­мат­скиот про­сек. 

Топла и влажна пролет-и релативно потопло лето 

Според анализата, кон крајот на март и почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер-и налик на пролет. Овој тренд на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови,  вообичаени за април. Снеж­ната покривка во западните планински области во Македонија и темпе­ратур­ни­те контрасти, не ја исклучуваат можноста за повремени локални влијанија на времето со појава на облаци, ветер и врнежи. Затоплу­вањето во почетокот на овој месец во комбинација со топењето на снегот и евентуалните врнежи можат да предизвикаат и локални излевања на реките во западна Македонија. Од крајот на април кон мај, ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмо­сферата посебно во текот на мај.

Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на субтропскиот појас на висок притисок, и циклуси со поин­тензивна топ­лина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот. Распоредот и динамиката на воздушните маси од Средоземното Море, ќе влијаат на создавање на фронтални и олујни системи со грмотевици, од јужна Франција преку северниот дел на Италија во северниот дел на Бал­канскиот Полуостров. При тоа загре­аниот и влажен Медитеран, ќе соз­даде поволни услови за иницирање и развој на грмотевични облаци, кои ќе бидат проследени со силен ветер, појава на молњи, град и локални поплави. И на крајот за пошироката јавност, предвидувањата во тек­стуална и сим­болична форма се следни:

Април

 

Иако во првата декада потопло и релативно посуво, во основа температурите и врнежите во рамките на просекот, но сепак не се исклу­чуваат и периоди  со промен­ливо време, воо­би­чаено за април.

Мај

 

Малку потопол, и за нијанса повлажен мај, со повремени, попладневни циклуси со врнежи и грмежи, карактеристични за мај.

 

Јуни

 

Почеток на лето со повисоки температури од просечните и врнежи во рамките на просекот.

Јули

 

Продолжува вистинското лето. Потопол и малку посув Јули. Не се исклучува и појава на топли бранови.

Август

Потопол август, просечно влажен, не се исклу­чуваат повремени локални деста­били­зи­рања на атмосферата, со развој на грмотевични облаци.

 

Септември

Просечен септември со сонце, топлина преку денот, и релативно свежи утра и ноќи.

 

 
 
31.03.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега