Прскање против комарци во Делчево

 

Општина Делчево денеска напладне ќе изврши вонредно прскање против комарци со цел заштита на населението од заразни болести и превенција од вирусите зика и денга (западнонилска треска), пренесе МИА.

Следејќи ги препораките од Министерството за здравство и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, општината посочила неколку потенцијални жаришта на ларви од комарци по должината на реката Брегалница во урбаниот опфат. Како што информираше Кире Цоневски, соработник за превенција, заштита и спасување во Општина Делчево, прскањето ќе биде од земја, а ќе го извршуваат стручни лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Скопје.

– Целта на ова вонредно третирање на ларвите од комарците е превентивно и ударно да се делува врз ларвите и нивното размножување, како вектор и носители на преносливи заразни болести кај населението. Свесни сме за опасноста од вирусите зика и денга и ДЕНГА, па со цел превенција, ние денеска ќе преземеме активности, за да го релизираме ова вонредно третирање кое е по препорака од Министерството за зздравство-Скопје, рече Цоневски.

Инаку, според програмата на општината за прскање против комарци, предвидени се неколку земјени прскања и тоа во месеците мај, крајот на јули и по потреба во септември.

 
 
31.03.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега