Трагедија: Дедото загина, тројца внуци повредени
Возрасен човек загина, а пет лица се повредени, меѓу кои и три деца, во тешка сообраќајна несреќа која во саботата вечер се случи во центарот на Мали Пожаревац, во близина на Сопот.
Повредените деца имаат 13, 9 и 5 година. Трагедијата се случи во 20.20 часот кога се судрија „мазда“ со белградски таблички со која управувал Г.Л. и „голф“ исто така со белградска регистрација со која управувал Д.Р.
Шеесетгодишниот Д.В. кој загинал на самото место и петмината повредени се наоѓале во маздата, а нејзиниот возач останал неповреден.
Како што дознава Курир, освен децата повредени се и нивната мајка и баба, а се претпосатвува дека починатиот е нивниот дедо.
Итната помош дошла на самото место, но можела само да констатира смрт кај Д.В. додека повредените се пренесени во Угентниот центар.
-Повредените патници од „маздата“ биле во свесна состојба кога Итната помош пристигнала на местото на несреќата, велат извори.
Тие синоќа биле на дијагностицирање во Ургентиниот центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа