Крвава пресметка пред „Младост-лудост“ - маж итно на Ургентен, сторителот во бегство

Полицијата во Белград трага по човекот кој утрово околу 7 часот пред ресторанот „Младост-Лудост“ со нож го избодел Бранко Г. (35) .

Според нашите информации, повредениот е веднаш однесен на Ургентен Цетнар и има тешки телесни повреди бидејќи непознат напаѓач му нанел неколку убоди во пределот на грбот и нозете.

Избодениот Бранко има кривично досие и веќе бил осудуван, дознава полицијата.

Кога ќе му се подобри здраствената состојба, полицијата ќе направи разговор со него и ќе утврди што се случило. Исто така, постојат и видеа од сигурносните камери кои ја забележале крвавата пресметка.

 

 
 
27.03.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега