Хаос на забава: Две девојчиња итно на Клиника

Две девојчиња завршиле на Детска Клиника откако непознато лице фрлило солзавец во еден кафич на улица Обреновиќ во Ниш.

Како што потврди полицијата во Ниш околу полноќ добиле пријава дека е фрлен солзавец во Трговскиот Центар „Горча“ и дека Брзата помош веднаш ги превзела двете девојчиња на кои им се слошило.

Полициската патрола не ги пресретна личностите кои го предизвикале инцидентот ниту пронајде отисоци на сретствата кои се фрлени на гостите во кафичот. Според првичните информации се работи за агресивно сретство во помала количина, но освен двете девојчиња никој од гостите немале здраствени последици.

Причината за употребата на солзавец за време на забавата сеуште се утврдува, но според информациите дека на забавата немало никакви тепачки и распраии, можно е солзавецот случајно да бил активиран.

 

 
 
26.03.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега