Морничави закани до Босна: Ќе ве колеме, труеме и ќе ве кренеме во воздух

Муслиманите и верските власти во Босна и Херцеговина водат акција за затварање на илегални заедници во кои се регрутираат џихадистите за војна во Сирија, но екстремистите им возвратија на заканите. 

- Ќе ве отруеме, ќе ве кренеме во воздух и овде и во Санџак. Го молам Алах за Хесеин еф. Кавазовиќ и неговите следбеници да ги заколам среде Башчаршија, дел од вознемирувачката закана која на Јутјуб неодамна ја објави Амир Селимовиќ припадник на Исламската држава кој е по потекло од Босна и Херцеговина. 

Селимовиќ до пред година дена живеел недалеку од Тузла. Во Сирија заминал со сопругата и детето. 

- Јас моето дете од пеколот го донесов во благосостојба каде владее шеријатот. Цркнете од мака ние занеме дека шеријатот ќе владее низ целиот свет, порачал Селимовиќ за емдиумите во Босна. 

Амир е еден од десетте граѓани од Босна кои во последните неколку години станале радикални исламисти. Како и Селимовиќ повеќето од нив ја напуштиле Босна и се приклучиле на Исламската држава. 

Во изминатите пет години колку што трае војната во Сирија некои од овие граѓани на Босна повремено објавувале пораки од претставниците на исламсата заедница во Босна, на властите во медиумите. 

 
 
23.03.2016 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега