Коалицискиот партнер на Заев, Ибраимовски ја прогласи цела Македонија за непостоечка и фантомска

 

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, лидерот на партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (ПЦЕРМ), Самка Ибраимоски денеска даде скандлозна изјава со која ја ја прогласи цела Македонија за непостоечка и фантомска.

-По се изгледа дека за време на ова владеење, Република Македонија станала Фантомска Република, рече Ибраимовски.

 Ваквата негова изјава преставува навреда за целиот македонски народ и држава.

Во негирањето на институциите денеска се приклучи и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа прави невиден скандал со тоа што одбива да се појави во Собранието иако народните избраници ја повикаа да се појави и иако знае дека досега во целата историја сите функционери кои биле повикани одговориле на барањето на највисокиот законодавен дом, пишува Курир.

-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегитимни се избраните институции како што е Уставниот суд, Собранието и Владата, затоа би му порачале на Уставниот суд да го почитува Специјалното обвинителство, рече денес Катица Јанева.

Ова однесување значи дека Јанева грубо ги потценува и навредува сите граѓани затоа што тие ги избрале пратениците во Собранието.

 
 
22.03.2016 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега