Лоша вест: Од утре нови цени на горивата во Македонија

Нов скок на малопродажните цени на нафтените дериват се очекува да објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во текот на минатата недела, суровата нафта на светските берзи го достигна рекордот за 2016 година завршувајќи го тргувањето во четвртокот на највисокото ниво од 42,54 долари за европската нафта и 41,2 за американска „лесна“ нафта.

 

Согласно динамиката на корекција на малопродажните цени, регулаторот денеска околу пладне ќе соопшти колку ќе не чини литар гориво во наредните две недели.
Последната корекција беше на 7 март, кога просечната цена на барел нафта изнесуваше 34,9 долари.

 
 
21.03.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега