Маж случајно фрлил бурма од 350.000 евра - тоа што следувало...

Берни Скуатери (51) од Мисури, неодамна ја изгубил бурмата на неговата сопруга, вредна  350.000 евра.

Скуатери случајно прстенот го фрлил во ѓубре откако сопругата го оставила на кујнска хартија. Без да види дали на хартијата случајно се наоѓа нешто вредно за чување, Берни го фрлил во вреќата, а потоа во камион, кој во тој момент собирал ѓубре.

Откако станал свесен за она што го направил,  брачната двојка се нашла во трка со времето – прстенот веќе бил на пат кон депонијата, а доколку таму и заврши шансите за пронаоѓање се многу мали.

Скуатери сепак ги убеди работниците на комуналната компанија да му дозволат потрага по прстенот низ приближно десет тони ѓубре. По 25 минути потрага, прстенот го пронашол оперативниот менаџер на компанијата Џо Еванс.

– Во десет од десет случаи воопшто не успеваме да пронајдеме слични изгубени предмети. Голема среќа е што го најдовме прстенот и успеавме да го вратиме, рече Еванс.

 
 
18.03.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега