Димовски се огласи на Фејсбук: Измислија дека се борат за слобода и демократија за да не одговорат на овие прашања

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Фејсбук профил пишува дека СДСМ со вакво однесување избегнува одговор на клучни прашања кои им ги должи на граѓаните.

Во продолжение го пренесуваме статусот на Димовски

Измислија дека се борат за слобода и демократија за да не одговорат на овие прашања:

– зошто во нивно време се затвараа фабрики?
– зошто во нивно време 200.000 луѓе останаа без работа?
– зошто во нивно време немаше ниту една нова изградена фабрика?
– зошто во нивно време не се градеа автопати како денес?
– зошто во нивно време не се набави нова медицинска опрема?
– зошто во нивно време не се набавија нови автобуси и нови возови?
– зошто во нивно време даноците и придонесите беа повисоки?
– зошто во нивно време немаше ниту еден денар субвенции?
– зошто во нивно време пензиите се намалуваа, а не да се зголемуваат?
– зошто во нивно време партиципацијата на факултетите беше 2.000 евра?
– зошто во нивно време не се градеа станови за децата без родители?
– зошто во нивно време не се реконструираа училиштата?
– зошто во нивно време не се реконструираа аеродромите?
– зошто во нивно време не се градеа булевари?
– зошто во нивно време не се изградија неколку театри?
– зошто во нивно време не се покачуваа платите на војската и полицијата?
– зошто во нивно време не се набавуваа возила за брза помош?
– зошто во нивно време не се градеа спортски сали и стадиони?
– зошто во нивно време не се воведе бесплатен превоз во ЈСП и МЖ?
– зошто во нивно време не се преведе ниту еден учебник?
– зошто во нивно време не се набавија нови возила за полицијата?
– зошто во нивно време не поефтинуваа лековите?
– зошто во нивно време не се делеша државната земја на земјоделците?
– зошто во нивно време не се реши свлечиштето Рамина во Велес?
– зошто во нивно време не се прошири патот на Плетвар?
– зошто во нивно време не се направи патот за Струмица?
– зошто во нивно време не се прошири патот од Велес за Штип?
– зошто во нивно време немаше легализација на дивоградби?
– зошто во нивно време немаше евтин увоз на возила?
– зошто во нивно време луѓето не ги купуваа своите дворови за 1 евро?
– зошто во нивно време немаше отпис на долгови за социјалците?
– зошто во нивно време немаше активни мерки за самовработување?
– зошто во нивно време нашите доктори не одеа на обуки во странство?
– зошто во нивно време немаше утврдена минимална плата за работниците?
– зошто во нивно време не се градеа нови градинки?
– зошто во нивно време немаше биометриски пасоши?
– зошто во нивно време немаше бесплатно ин-витро оплодување?
– зошто во нивно време волонтерите не можеа да бидат вработени?
– зошто во нивно време не се реконструираа пругите?

и уште многу други прашања…

 
 
18.03.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега