Шест години без Кеснија Пајчин - еве што се случило на гробот на убиената пејачка
Мајката Љубица Костиќ, таткото Милош Пајчин, сестрата Миа, кумот Бане Вевиќ и пријателот Карамела вчера се собрале на гробиштата во Белград. По се изгледа само пред камерите и друштвените мрежи знаат да искажат жалење.
Семејството и пријателите вчера на гробиштата оддржале шест годишен помен на Ксенија Пајчин, која на 16-ти март 2010 ја убил нејзиниот дечко, манекенот Филип Каписода, кој потоа извршил самоубиство.
Мајката на Ксенија, Љубица таму се појавила околу 14:00 часот и приложила цвеќе на гробот. Се приближила до нејзината слика на споменикот, го помилувала и заплакала. Откако запалила свеќа ја замолила пријателката да остави порака на медиумите за да ја остават да тагува сама.
Набргу пристигнал и Горан Карамела со букет, кој исто така го ставил на горобт. Неколку минути по него дошол и кумот Бане Девиќ, кој пуштил солза чим се приближил кон споменикот. Тука бил и таткото Милош, полусестрата Миа и пријателките. Подоцна им се придружил и Џус, кој за прв пат се појавил на помен кај Пејачката.
-Беше многу тажно. На тој датум се собираме сите, а воедно сакаме да заборавиме на трагичната несреќа, на кратко изјавил Бане.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа