Минусни утрински темератури во Скопје и Македонија - а потоа...
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападниот дел од земјава ќе има зголемена облачност и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа