Се решаваат проблемите на граѓаните за надоградби на куќи и легализација
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес беше во посета на општина Ѓорче Петров.

Тој на терен разговараше со граѓаните и бараше решенија за нивните проблеми. Така, еден граѓанин посочи дека сака да прави надградба на својата куќа, а Груевски и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски му ги објаснија измените кои се од голема помош за граѓаните.
-Со новиот закон, треба проект да си направите за надградбата и да си побарате одобрение за градење. Не треба да се менува маркицата, рече Груевски.
-Ако си имате имотен лист, можете по закон да надградите до 10 метра и 20 см. Ако имате имотен лист по сила на закон можете да градите, истакна Мисајловски.
Граѓаните потенцираа и дека имаат спорови со дел од соседите за легализација на имот. Притоа им беше објаснето дека во најбрзо можно време ќе се најде соодветно решение, бидејќи за претходниот закон во кој соседите можеа да се договорат меѓу себе, немало заинтересираност меѓу граѓаните.
Груевски го задолжи Мисајловски да се убрза процедурата, а министерот веднаш закажа состаноци во координација со директорот на Катастар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа