Се вратил дома и затекнал морбидна слика: Децата и жената лежеле мртви на подот
Соседот се обиде да ја оживее својата сопруга, а јас се вратив по двете мали дечиња. Тие беспомошно лежеа на подот, цели црни од чадот. Пробавме да ги реанимираме, но не успеавме. Вака потресениот сосед раскажува што се случи во куќата во Хрватска која изгоре до темел. За жал загинаа мајка и две мали деца на возраст од три и пет години.
Пожарот избувнал околу 10 часот кога сопругот бил надвор од дома. Соседите велат дека отишол да плати сметки, а кога се вратил го дочекал навистина морбиден призор. Неговата жена и дечиња биле заробени во пламените јазици кои ја зафатиле нивната куќа, од засега непознати причини. Несреќниот сопруг кој го загуби семејството е пренесен во болница целиот во тага и шок.
- Го видов соседот истрча на улица и почна да вика на цел глас дека има пожар. Ја видов жената. Дланките и беа крвави лежеше на подот. Ја ставив јакната на носот и устата да не вдишам многу чад и се обидов да ги спасам децата. Тие беспомошно лежеа на подот. Направивме се но залудно, вели потресен сосед.
Деталите за трагедијата која ја потресе хрватска засега се непознати. Полицијата истражува во какви околности настанал пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа