Седница на Комисијата за политички систем и на Советот на Собранискиот канал

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Советот на Собранискиот канал.

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата во прво читање, на Законот за матичната евиденција, за извршување и за нотаријатот, во второ читање, се точките на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Советот на Собранискиот канал, како што е најавено, ќе има јавна расправа на тема „ Функционирање на Собранискиот канал“. 

 
 
16.03.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега