Пишев: Заев бараше рекет од 250 илјади евра на фирма од Австрија

Пратеникот Васил Пишев на денешната собраниска седница на која што се расправа за законот за зеленило ја соопшти фирмата на која што Зоран Заев преку Стевче Јакимовски и барал рекет од 250 илјади евра. Имено, се работело за австриска фирма која што требало да вложи во изградба на депонија за управување со цврст отпад и би го опфаќала целиот југоисточен регион.

vasil-pisev-sobrnaie

-Дали сте чуле за фирмата АСА од Република Австрија? Тоа, колеги пратеници е фирмата која што дојде во Струмица и која сакаше да вложи, да направи депонија за управување со цврст отпад за целиот југоисточен регион, за сите градови, но нашиот поглавар, муфтија, како што кажа и Стефче Јакимовски е тоа тоа што го побара. 250 илјади евра рекет. Е сега, јас како граѓанин и како пратеник ја замолувам госпоѓата Катица Јанева, вашата специјална обвинителка да го викне  Зоран Заев и ливчето па да се даде на утврдување и вештачење па да видиме зошто се побарани тие 250 илјади евра рекет, вели Пишев.

За истиот скандал кои што деновиве беше обелоденет, пратеникот го обвини и пратеникот од Струмица Марјан Даскаловски кој што во тоа време бил претседател на советот на Општина Струмива. Пишев побара од Даскаловски да одговори на македонската јавност зошто австриската фирма се откажала од својата инвестиција во Струмица.

-Колега Даскаловски од вашата дискусија слушнав дека многу се восхитувате кога гледате зеленило кога одите во Европа. Кажавте дека овде одбиваме закони, нема демократија, Струмица е уништена итн. Колега Даскаловски еве да ве прашам од овде јавно. Кој беше претседател на советот во Струмица во 2012 година? Господинот Марјан Даскаловски. Колега Даскаловски, маските паднаа, немојте овде да кажувате некои работи, се знае за Зоран Заев, аболициран, рекетар и криминалец. И тој утре ќе треба да води држава.  Затоа колега Даскаловски сакам да објасните кој беше претседател на советот на Општина Струмица во 2012 година и зошто таа фирма се откажа од вложувањето во Струмица?, вели Пишев.

 
 
14.03.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега