Средба на Вељаноски со финскиот амбасадор Перти Иконен

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Финска за Република Македонија со седиште во Белград, Перти Иконен.

Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, за време на средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата и мигрантската криза во Европа.

Вељаноски истакнал дека политичката ситуација ќе се разреши со одржувањето на предвремените парламентарни избори, а за разрешување на мигрантската криза неопходно е што поскоро да се изнајде заедничко европско решение. Вељаноски потенцирал дека Република Македонија е подготвена да ги почитува одлуките на Европската унија, бидејќи земјата географски и припаѓа на Европа и аспирира кон поскоро интегрирање во Европската унија.

Амбасадорот Иконен потенцирал дека Амбасадата на Финска ја следи актуелната политичка ситуација преку Делегацијата на Европската унија во Скопје и искрено се надева на фер и демократски парламентарни избори во земјата.

Во врска со мигрантската криза, Иконен истакнал дека и покрај тоа што Финска се наоѓа на работ на Европа, и таа е засегната од кризата и е четврта земја во Европа по бројот на примени мигранти според бројот на жители во земјата.

Двајцата соговорници се согласиле за потребата од интензивирање на парламентарната соработка на повеќе нивоа.

 
 
14.03.2016 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега