Нови детали за вчерашниот напад во Анкара

 Вториот осомничен извршител на бомбашкиот напад извршен вчера во Анкара, во кој загинаа 37 лица е маж, турски државјанин, поврзан со Курдската работничка партија (ПКК), изјави денеска извор од силите за безбедност.

Досега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Владата соопшти дека ќе идентификува кој стои зад нападот, откако ќе заврши истрагата. 

Извори од силите за безбедност претходно соопштија дека вториот осомничен е жена, која се приклучила кон ПКК пред неколку години

 
 
14.03.2016 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега