Два месеци пред смртта на Драган Николиќ: Неговиот пријател го направил ова за него!

Не можеше да стане од кревет, но не ја загуби ведрината. Од Драган Николиќ кој денеска ќе биде испратен во вечното живеалиште, откако почина по долга борба со тешката болест, ќе се простат сопругата, пријателите и колегите. По емотивните пораки од неговите соработници и фанови, најемотивен начин за простување од својот пријател имаше Војо Брајовиќ кој заедно со помладиот колега Сергеј Трифуновиќ, одиграл претстава во домот на Николиќ пред да биде хоспитализиран, бидејќи не можел да стане од кревет.

По премиерата на претставата Воз, Војо му ветил на својот колега и пријател дека ќе му ја изведе претставата и тоа и го исполнил.

- Му реков да дојде на претставата, но бидејќи ми кажа дека не може, решив со Сергеј и негова помош да го однесеме театарот во домот на Николиќ. Драган не сакаше луѓето да го прашуваат како е, го нервираа тие прашања. Не сакавме никого да вознемируваме, вели Брајовиќ.

Откако била изведена претставата, тие зборувале за неа, а тој кажал дека можат да играат Милена и тој во неа. 

 

 

 
 
14.03.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега