Познатиот актер повторно се бори со ракот

 

Познатиот актер Мајкл Даглас повторно се бори со ракот на јазикот, јавуваат американските медиуми.

Иако неговите претставници за печат истакнуваат дека седумдесет и едногодишниот глумец го излечи ракот, сајтот „Radar Online“ пренесува дека Даглас повторно е во лоша здравствена состојба.

Како што сајтот наведува, актерот во моментов го продава својот имот, а ја променил и содржината на својот тестамент.

Пред шест години, на Даглас му беше дијагностициран карцином на јазикот, а тогаш американските медиуми пренесоа дека неговата болест се наоѓа во четврти стадиум.

Година дена подоцна актерот, неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс и лекарите објавија дека легендата на Холивуд е излекувана.

Извори блиски до актерот, меѓутоа, истакнуваат дека тој повторно се бори против канцерот и дека му останале само уште шест месеци живот.

 
 
12.03.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега