Ја погребал својата сопруга и по две години ја видел на телевизија!

Абраг Мухамед ја погребал својата жена откако му кажале дека починала во сообраќајна несреќа, a потоа се шокирал која ја видел на Телевизија.

Тој изјавил дека не знаел дека таа и понатаму е жива откако лекарите му рекле дека починала од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.

Таа се појавила на телевиза во емисија каде луѓето си ги бараат своите блиски со кои изгубиле контакт со години.

Имено додека членовите од семејството ја гледале Тв серијата „Исчезнати“, ја слушнале неговата сопруга на телефон каде се јавила и кажала дека изгубила контакт со својот сопруг и оставила име на нивната поранешна адреса.

Иако вдовецот не го глеал овој прогам, пријателите веднаш му се јавиле за да му ја соопштат шокантната вест.

-Не знаев дека сме погребале некој друг и дека мојата сопруга е сеуште жива, изјави тој.

Сепак прашањето зошто една жена чекала две години за да стапи во контакт и каде била до сега.

Еден од теориите дека можеби таа го загубила своето памтење. А таа живеела во мал планински град Азилал.

По несреќата лекарите му рекле дека најверојатно нема да преживее.

Тој се вратил во својот дом, кој бил 4 часа од болницата, а кога се вратил го известиле дека починала. Подоцна телото кое го добил веќе било сместено во сандак а тој мислел дека е неговата сопруга и го погребал.

 
 
12.03.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега