ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА: Подгответе се за потоп

Претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Попладне почнувајќи од југозапад и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират речиси насекаде. Во ноќните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и западните делови каде ќе наврнат над 30л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Под влијание на влажен бран врнежите ќе продолжат и утре во текот на денот како и во понеделник претпладне. Поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови (над 25 л/м2 воден талог). На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под  1000 м надморска висина. 

 

 
 
12.03.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега