Тројца скопјани со години ќе лежат во затвор

Постапувајќи по судска наредба вчера СВР СКопје го лиши од слобода 57-годишниот И.С. кој се барал за затворска казна во траење од една година за спречување службено лице во вршење службено дејствие. Исто така, полицијата вчера го уапси и 44-годишниот скопјанец С.О. кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“, како и 36-годишниот П.Ц. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“. 

Истите се спроведени во затворот Скопје.

 
 
12.03.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега