ФОТО: Емотивно збогување – Андрија Милошевиќ се прости од Драган Николиќ

Тој беше и засекогаш ќе остане запаметен како еден од актерите кои оставија траен белег на српската филмска сцена, ценет и почитуван од сите од земјите од поранешна Југославија.

Актерот Андрија Милошевиќ на својот Фејсбук постави емотивен статус со кој се збогува со својот пријател и колега.

andrija status

-Не знам што точно значи кога за некого ќе кажеш дека е легенда, но знам дека тоа сигурно е Драган Николиќ. Ако легендите мора да бидат совршени луѓе во секоја смисла на зборот, за да ја добијат таа титула, тогаш Драган Николиќ е синоним за сето она што треба да биде еден уметник. Ги паметам сите твои совети додека работевме во Ателје 212, кога допрва почнував да сфаќам што значи и колку е тешка судбината на еден актер. Тешко е да се виде ти, ама ќе се стремам да станам такво човечиште и да го почитувам твоето дело, тоа е обврска на секој уметник. Почивај во мир, легендо, напиша Милошевиќ.

 
 
11.03.2016 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега