АНКЕТА: За граѓаните обвинувањата на СДСМ се нов обид за бегство од избори

Заев и СДСМ само гледаат да ја “покварат“ Македонија, да ја рушат. Наводните неправилности околу Избирачкиот список тие ги измислуваат за да прават гужва, да дојдат на власт иако луѓето не ги сакаат, да дојдат на власт за да прават бељи. Вака граѓаните ги толкуваат  обвинувањата на СДСМ околу Избирачкиот список. Според нив, СДСМ повторно сака да избега од избори.

Државната изборна комисија (ДИК) утре или најдоцна во недела ќе ги објави првичните податоци од вкрстувањето. Според првичните информации кои ги објави весникот ДНЕВНИК, станува збор за околу 100 илјади лица кои ги има само во една база на МВР. Главно, околу 90.000 од нив се Албнци.

Првичните информации, како што објави весникот говорат дека не се работи за фантомски гласачи, туку за македонски државјани со валидни адреси, но кои ги нема во актуелните бази со кои располагаат домашните институции последните неколку години.

 -Најмногу од овие државјани, речиси 90 отсто, се заведени во општините Гостивар, Струга, Тетово, Kуманово, Теарце, Врапчиште, Чаир, Боговиње, Липково, Желино… Според етничката структура, од државјаните што ги немало во првичните бази во институциите, нешто под 90 илјади се Албанци, а преостанатите се Македонци и други, објави ДНЕВНИК.

Овие информации делумно ги потврди вчера во Крива Паланка и опозицискиот лидер Зоран Заев, кој рече дека очекува слична бројка и ги нарече неконзистентни гласачи.

-Очекувањата се дека ќе бидат откриени повеќе од 100.000 сомнителни податоци. Ја користам можноста да се заблагодарам на граѓаните кои што ги пријавуваат сите сомнителни или така наречени неконзистентни случаи пронајдени во самиот избирачки список, рече Заев.

 
 
11.03.2016 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега