Трогателна приказна: Бебе оживеало во мртовечница

Минијатурното момче Ан Ан прерано се родило во кинеска болница на 8 јануари, а прогласено е за мртво на 4 февруари 2016 година.

По прогласувањето на смртта, Ан Ан е однесен во мртовечницата каде поминал 15 часа на температура од минус 12 Целзиусови степени. Кога почнале да го подготвуваат за кремирање, Ан Ан заплакал. Истиот момент бил вратен во болницата, пренесува „Дејли мејл“. 

Ан Ан тежел помалку од еден килограм, а во инкубатор поминал 23 дена. Па родителите го одвеле дома за да ја прослават Новата година како семејство. нНеговата состојба набрзо се влошила. и веднаш го однеле во болница, каде лекарите заклучиле дека на момчето срцето престанало да му чука, па било прогласено за мртво. По 15 часа поминати во мртовечницата вработените во мртовечницата слушнале плачење.

Шефот на педијатрија рекол дека во 20 години работење во струката никогаш не се сретнал со нешто такво. 

 
 
10.03.2016 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега