ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува елементарно непознавање на ресорот финансии

Дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов и неговиот кабинет можат слободно да продолжат да си наоѓаат занимации во лаги и манипулации кои сметаат дека ќе им донесат ситни политички поени. Граѓаните гледаат кој работи одговорно и посветено во интерес на народот.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното обвинување на Наумов дека со измените на Законот за ДДВ од јули 2014 година индиректно се зголемуваат даноците и со тоа се прави обид за зголемување на приходите во буџетот, во која посочува дека со тоа тврдење од СДСМ покажуваат елементарно непознавање од ресорот во кој имаат дополнително техничко заменик-министерско место.

– Да го потсетиме дополнителниот заменик Наумов дека прагот за пријавување на ДДВ обврзници во Македонија секогаш се движел околу 1.000.000 денари, вклучително и во време на СДСМ кога прагот за пријавување ДДВ беше 1,3 милиони денари. За да им се помогне на фирмите полесно да ги пребродат последиците од економската криза владата на ВМРО-ДПМНЕ го подигна прагот за ДДВ обврзници на 2.000.000 денари и пред две години повторно беше сведен на еден милион денари, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

. Измените на законот за ДДВ направени пред две години,се додава, со кои прагот се враќа на еден милион денари беа на иницијатива на малите фирми.

– Целта беше одржување на фер конкуренција на пазарот и воедно подобро позиционирање на малите фирми на пазарот од аспект на нивна препознатливост како ДДВ обврзници и соработка со големите фирми. Доколку Наумов побара по архивите на медиумите од пред две години, може да ги најде овие информации. Второ, доколку Наумов не е запознаен – во Македонија се врши поврат на ДДВ на сите ДДВ обврзници, се потенцира во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
10.03.2016 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега