Пешаци внимавајте: Полицијата не простува

 

Вкупно седум сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачјето на град Скопје. Од нив во три е причинета само материјална штета, а во четири полесно се повредени пет лица.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Триесет и три возачи што не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење се санкционирани, пет возачи се исклучени од сообраќај затоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а се санкционирани и 16 возачи што ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола, односно без возачка дозвола.

Дваесет пешаци не поминале на обележан пешачки премин, или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 78 возила.

 

Денеска Одделението за превенција при СВР-Скопје во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука на тема - „Безбедност на пешаците“, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот што сториле прекршоци врз база на разни основи во својство на пешаци.

 
 
10.03.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега