Откриена причината за самоубиството во Аеродром - потресно сведоштво на мајката

Вистинска трагедија ја потресе вчера Македонија кога одекна веста за самоубиството во скопски Аеродром. Како што вчера дозна Пресс24, млада девојка на возраст околу 20 години вчера скокнала од 9 кат околу 11 часот утрото. 

Мајката на 20-годишната девојка која си го одзеде животот со скок од зградата во која живее, потресена за Либертас откри што се случило.

– Доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме во полиција и истрагата е во тек. Знаев дека е тоа ужас за неа, но не помислив дека ќе посегне по животот, вели мајката за Либертас.

Телото е дадено на обдукција.

Овој настан ја потресе макеоднската јавност.

 

 
 
10.03.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега