Летово Богданци ќе ги добие ветерниците од Сименс
Конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција наскоро на ЕЛЕМ ќе му ги испорачаат 16-те ветерници, објавува Фактор.
Во текот на летото ветерниците треба да пристигнат во земјава, по што ќе почне нивната монтажа, велат од ЕЛЕм за Фактор. Инаку, кај Богданци веќе привршува изградбата на командната зграда и на трафостаницата на која ќе биде поврзан ветерниот парк.
Реализацијата на Првиот ветерен парк „Богданци" ќе чини 55,5 милиони евра. Средствата се обезбедени со кредит од германската КФВ Банка и сопствени средства на ЕЛЕМ.
ФОТО: Утрински