Хаос во Скопје за три дена: Голем број несреќи и повредени

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди, во кои се повредени 23 лица. 

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на пет сообраќајни незгоди, од кои три поминале само со материјална штета, додека во една со полесни повреди се здобило едно лице. Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, а седум се со последици телесни повреди. Со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден возач на патничлко моторно возило, а едно лице се здобило со телесни повреди. 

Во текот на вчерашниот ден, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета. Во една несреќа со полесни повреди се здобиле две лица. Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден возач на мопед.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 24 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 92 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, како и девет возачи кои поминале на црвено светло на семафорите. Дваесет ид ва пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, додека 36 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 100 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и мпоторниот сообраќај.

 
 
07.03.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега