Трагедија: Жена починала во лифт

Тело на жена е пронајдено во лифт во зграда во кинескиот град Шијан, еден месец откако работниците ја исклучиле струјата поради поправка на истиот.
 
Како што е наведенио, кинескиот суд за работниците одредил казна притвор.
 
Двајца работници на 30. јануари ја исклучиле струјата откако пристигнале по повик дека лифтот е расипан, пренесува агенцијата АП.
 
Се вратиле еден месец подоцна, на 1 март, за поправка на лифтот и тогаш го пронашле телото на жената, се вели во соопштението.
 
Жртвата е идентификувана како 43-годишна жена која живеела сама во таа зграда.
 
Полицијата ја отфрлила можноста дека се работи за намерно дејство, но потврдува дека на работниците ќе им се суди за убиство во небрежност.
 
 
06.03.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега