Крадците прават парче - украдени 10.000 евра од семејна куќа

 

Непознат сторител вчера, во периодот од 1 до 8.15 часот, во велешкото село Горно Оризари извршил тешка кражба во куќата на Н.М.(80) од Велес.

Сторителот, како што информира денеска МВР, со дрвена скала, која ја нашол во дворот и ја поставил под прозорецот, на задната страна од првиот кат на куќата, се качил преку подотворениот ПВЦ прозорец.

Крадецот влегол внатре и со употреба на сила и подесен алат го отворил заклученото бифе од комодата, каде од картонска кутија одзел златен накит, по што го напуштил местото. Причинета е материјална штета од околу 600.000 денари.

Увид извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
05.03.2016 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега