Неверојатно неверство: Се венчал со друга, додека девојка му се пораѓала (ФОТО)

Хедер Мекгилион, останала шокирана кога дознала дека дечко и се женел со друга, додека она се пораѓала со неговиот син.

24 годишната Хедер го запознала три години помладиот Адонис Родригез додека работеле заедно како танчери во Доминиканската Република. По повеќе од една година таа затруднела, па парот започнал заеднички живот на Карипските острови. Хедер претрпела компликации во бременоста и била приморана привремено да се врати во Шкотска, како би се породила. На Родригез му било одбиено барањето за виза, па останал на островот. Кога го донела на свет малиот Диего, стигнала неверојатна вест дека Адонис се оженил со Џулија, германска туристка, за време на нејзиното отсуство.

- Кога ја прочитав пораката како да ме удри автобус. Не им верував на своите очи кога го погледнав Адонис гушнат со жена во венчаница, тоа беше потполно апсурдно. Бевме разделени само неколку недели и нема шанси да запознал друга и организирал венчавка за еден месец, изјавила Хедер.

- Во прв момент не ја препознав особата на сликата, а потоа сфатив дека е Џулија. Она во една прилика преспа во хотелот во кој работевме. Пред една година приметив дека Адонис и таа се допишуваат на фејсбук, но тој ме уверуваше дека нема ништо, што секако не ми беше како што треба, но останав бремена и заборавив на целата фарса, додава Хедер. Кога го побарала на телефон, Адонис признал се, тврдејќи дека се оженил само поради виза.

Хедер приметила дека 31 годишната Џулија направила радикална естетска промена: На сликата е непрепознатлива, уствари личи на мене. Ослабела и ја офарбала косата да изгледа како мене.

 

 

 
 
05.03.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега