Дознајте како би изгледале со 10 килограми повеќе или помалку (ФОТО)

Апликацијата “Model My Diet” овозможува на жените по видот на нивното тело, големината на градите и висината да откријат како ќе изгледаат со различна килажа, што претставува одлична “слика” за оние кои нешто сакаат да променат.

Некој сака да се здебели, поголемиот дел да ослабат, а најмал дел сметаат дека ја имаат идеалната тежина – предвидувањето како би изгледале со друга тежина сите ги интересира. Токму во тоа може да ви помогне апликацијата “Model My Diet” во која треба да ги вметнете само вашите податоци.

Кај висината потребно е одерете метричен избор, облик на тело од кој се нуди крушка (поголеми колкови и нозе, потенок горен дел), јабука (поголем гради и стомак, а послаби колкови и нозе), и фигура на песочен часовник (пропорционална градба со истакната половина), големина на гради (мали, средни, големи). Со одбирањето на повеќе опции можете да го одберете тонот на кожата, возраста, обликот на очите, носот, усните, фризурата и бојата на косата се со цел моделот да биде сличен на вас. Исто така можете да ја прилагодите позадината и облеката на моделите.

Овој модел прикажува жена со фигура на песочен часовник и големи гради, висока 170 сантиметри во две верзии – со 60 и 80 килограми.

За да пристапите на апликацијата кликнете ОВДЕ.

 
 
05.03.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега