Луѓето денес не знаат како лудо да сакаат

Зошто односите денес се толку тешки?

Зошто во љубовта сме неуспешни, без оглед на целиот труд? Зошто луѓето наеднаш станаа толку неспособни да одржат траен однос?

Дали заборавивме како е да се сака? Или уште полошо, дали заборавивме што е тоа љубов?

Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртви, за компромиси, за безусловна љубов. Ние не сме подготвени да вложиме се што е потребно односот да функционира.

Сакаме се да е едноставно. Ние сме луѓе кои брзо се откажуваат. Доволна е само една пречка да не обесхрабри. Не дозволуваме нашата љубов да расте, ние си одиме пред време.

Тоа што го бараме не е љубов, само е возбуда и воодушевување во животот.

Ние сакаме некој кој со нас ќе гледа филмови и ќе се забавува, а не некој кој ќе не разбере, дури и во најдлабоката тишина. Го поминуваме времето заедно, не создаваме спомени.

Не сакаме здодевен живот. Не сакаме партнер за животот, само некој кој може да направи да се чувствуваме живи токму сега. Кога ќе исчезне возбудата, откриваме дека никој не не подготвил за приземјување.

Не веруваме во убавината на предвидливоста бидејќи сме заслепени со возбудувања од авантурите. Ние сме длабоко во хаотичниот градски живот, а тој не ни остава простор за љубов.

Ние немаме време за љубов, немаме трпение да работиме на односите. Ние сме луѓе зафатени со трчање по материјалистички соништа и тука нема место за љубов. Ние бараме инстант задоволство во се што правиме, во работите кои ги вршиме на интернет, во кариерата која сме ја одбрале, во луѓето со кои сме одлучиле да бидеме. Сакаме зрелост во односот кој доаѓа со времето, емоционално поврзување какво што се развива во текот на годините, тоа чувство на припадност, кога едвај и го познаваме другото лице.

Очигледно, ништо не е вредно за нашето време и трпение, дури ни љубовта. Ние попрво ќе поминеме еден час со стотици луѓе , отколку еден ден со едно лице. Ние веруваме во повеќекратни „опции‟. Ние сме „социјализирани‟ луѓе. Повеќе сакаме да сретнуваме луѓе отколку да ги запознаваме. Ние сме лакоми. Сакаме да имаме се.

Ние влегуваме во однос откако ќе се појави и најмала привлечност и излегуваме од него откако ќе најдеме некој подобар. Ние не сакаме да го извлечеме она најдоброто од тоа едно лице. Сакаме да биде совршено. Стапуваме во врска со многу лица, но ретко на кој од нив му пружаме вистинска прилика. Ние сме разочарани од сите.

Технологијата не доведе толку блиску што речиси невозможно е да дишиме. Нашата физичка присутност е заменета со текстови, со гласовни пораки и видео повици. Ние не чувстуваме потреба да поминеме некое време заедно. И ова што го имаме ни е премногу. Немаме повеќе за што да разговараме.

Ние сме генерација на „скитници‟ која нема да остане предолго на едно место. Секоја лојална врска создава фобија. Веруваме дека длабоките односи не ни се судени. Ние не сакаме да се смириме. Дури и помислата на тоа е застрашувачка. Не можеме да замислиме дека цел живот ќе го поминеме со едно лице. Си одиме.

Ние ја презираме трајноста како тоа да е некое општествено зло. Ние сакаме да веруваме дека сме „поинакви‟ од другите. Ние сакавме да веруваме дека не сме во согласност со општествените норми. Ние сме генерација која себеси се нарекува „сексуално ослободена генерација‟. Сексот доаѓа лесно, лојалноста не. А на нас ни треба само привремено исполнување.

Односите повеќе не се толку едноставни. Постојат отворени врски, пријатели со повластици, врски за една ноќ, оставивме многу малку простор за љубовта во нашите животи. Ние сме практична генерација која создава своја логика. Ние не знаеме како лудо да сакаме. Не би одлетале во далечна земја само да видиме некој што го сакаме.

Ги прекинуваме односите поради преголема далечина. Премногу сме разумни за љубов. Премногу разумни за сопственото добро. Ние сме исплашена генерација, генерација која се плаши да се заљуби, обврза, генерација која се плаши дека ќе настрада и дека нашите срца ќе бидат скршени. Не си дозволуваме да сакаме безусловно.

Се криеме зад ѕидови кои самите сме ги создале, во потрага по љубов и бегаме во моментот кога ќе ја најдеме. Одеднаш тоа „ не можеме да го поднесеме‟. Ние не сакаме да бидеме ранливи. Ние не сакаме да ја соголиме нашата душа на никого. Премногу сме внимателни. Ние дури не ги ни цениме односите. Ние отфрлуваме прекрасни луѓе поради „останати риби во морето‟.

Не постои ништо што не би можеле да го освоиме на овој свет, а повторно, победени сме во играта наречена љубов, еден од најосновните човечки нагони. Велат, тоа е еволуција

 
 
05.03.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега