Коневски: За 100 дена 50 проекти - општина Аеродром е најспоакувано место за живеење
„Од четиригодишната програма се реализирани или се во тек на реализација една половина од проектите за само 100 дена. Тоа е доказ дека Општина Аеродром забрзано работи на подобрувањето на условите за живеење на граѓаните“ изјави градоначалникот Ивица Коневски на денешното презентирање на резултатите од работењето на општината во изминатите 100 дена.
Тој додаде дека Општина Аеродром во соработка со Советот ќе продолжи со реализација на капиталните проекти во насока кон подобрување на условите за живот на граѓаните, а со цел Општина Аеродром да го задржи епитетот најпосакувано место за живеење, како и место кое нуди најдобри услови за инвестирање.
Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски изјави дека Советот во изминатите 100 дена има одржано седум седници на кои се донесени над 120 одлуки. Меѓу позначајните како што посочи Камилоски, се одлуките за различни инфраструктурни проекти, одлуките за донесување и изготвување на детални урбанистички планови, одлуки за поддршка на спортскиот живот во општината, како и други одлуки со кои ќе се подобрат условите за живеење во Општина Аеродром.
Инаку, според предизборната програма каде што за четири години предвидовме вкупно 102 проекти започнати со реализација се 50 проценти или 51 проект од ветеното. Додека, за 2013 година од вкупно 57 предвидени проекти започнати се дури 51 проект односно 90 проценти.
Меѓу најзначајните проекти кои Општина Аеродром почна да ги реализира изминатите 100 дена се:
- Хортикултурно и партерно уредување на паркот „Бановина“
- Изградба на спортскиот центар „Јане Сандански“
- Реконструкција на пешачката патека Тоше Проески
- Реконструкција на локален пат Горно – Долно Лисиче
- Поставување тротоари и ново осветлување на повеќе улици во Горно и Долно Лисиче
- Изградба на улици во ДУП Горно Лисиче УЕ А (новите згради кај последната станица на автобусите со број 5 и 15)
- Изградба на новопроектирани улици во ДУП индустриска зона УЕ В кај новите згради на улица 3-та Македонска бригада)
- Изградба на сервисна улица „АСНОМ“ – крак во Јане Сандански УЕ Г (од мостот Близнак до спортската сала Јане Сандански паралелна на булевар АВНОЈ)
- Доизградба на новопланирани улици во Ново Лисиче – Реонски центар
- Изградба на паркинг-простор пред КЕЦ ЕВН
- Реконструкција на спортските сали во основните училишта „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Димитар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“
- Изградба на нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ која е дел од владиниот проект „145 спортски сали“
- Реконструкција на градинката „Бамби“
- Реконструкција на санитарни јазли во градинката „Изворче“
- Реконструкција на сите спортски игралишта во рамки на основните училишта како и на спортските игралишта на територијата на општината
- Реконструкција и тековно одржување на детските и на спортските игралишта
- Одржување и обнова на јавни пешачки површини
- Со средства од централната власт континуирано ќе обезбедуваме бесплатни учебници за сите ученици во основните училишта
- Ќе продолжиме да обезбедуваме бесплатен интернет во сите основни училишта
- Обновување на училишниот инвентар и наставни реквизити во основните училишта
- Нови линии за јавно осветлување во Горно и Долно Лисиче
- Осветлување на кошаркарското игралиште зад градинката „Чекорче“
- Постанување нови клупи и канти за отпадоци
- Тековно одржување паркови и други јавни зелени површини
- Одржување на хигиената и подобрување на повисоко ниво
- Одржување и изградба на нови чешми за пиење вода
- Одржување на фонтаните и изградба на нови
- Одржување и обнова на 4 паркинг-простори пред зграда број 9 и 13, меѓу зградите 19 и 21, како и до зградата број 21 на улицата „Владимир Комаров“
- Поддршка на КК „МЗТ Скопје – Аеродром“
- Одржување турнири во мал фудбал
- Организирање бесплатни здравствени превентивни прегледи
- Организирање крводарителски акции
- Организирање бесплатно мерење притисок за граѓаните
- Организирање лекарски прегледи за општинската администрација
- Организирање обуки за прва помош
- Изградба на пристапни рампи за секое инвалидизирано лице
- Организирање на традиционалната Мичуринска средба
- Палење бадникови огнови
- Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во горно Лисиче
- Успение на Пресвета Богородица
- Коњички марш
- Ликовен конкурс по повод одбележувањето на Денот на Европа - 9 Мај
- Чествување по повод раѓањето на револуционерот Јане Сандански пред неговиот споменик во исто имената населба
- Воспоставување соработка со развиени општини од други држави
- Промоција на општината и на можностите за инвестирање во неа пред потенцијални странски инвеститори
- Организирање и учество на заеднички регионални конференции, саеми, фестивали и културни настани со цел презентирање и промоција на проектните резултати и мерките реализирани на локално ниво
- Воспоставување поинтензивна образовна соработка
- Развивање долгорочни партнерства меѓу граѓански организации и нивно врмежување
Општина Аеродром започна со реализација на проекти кои се надвор од програмата, како што се: реконструкција на водоводна мрежа и санитарни јазли во ОУ „Блаже Конески“, уредување на дворот на градинката „Сонце“, реконструкција на улицата „Ангел Димовски“, како и проектот Културно лето „Аеродром се смее“.