Ѓоковиќ прогласен за најдобар светски тенисер

Новак Ѓоковиќ е добитник на наградата најдобара светски тенисер, втора година по ред. Оваа награда ја доделува американската телевизиска станица ESPY.

На доделувањето на наградите очекувано доминирал Леброн Џејмс, кој е прогласен за најдобар спортист, а  воедно доби и награда за најдобар НБА играч.

- Да бидам во конкуренција со вакви врвни спортисти е голема чест. Наградата добро ќе ја чувам дома, изјави Леброн.

Новак ја доби наградата за најдобар тенисер, оставајќи ги зад себе Мареј, Надал и Федерер. 

Серена Вилијамс е прогласена за најдобра светска тенисерка.

 

 

најчитано сега